Русија и Кина заедно развиваат високотехнолошки opyжја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија и Кина заеднички развиваат високотехнолошки оружја додека остваруваат соработка на полето на безбедноста, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на традиционалната годишна прес-конференција.

„Со Кина соработуваме на полето на безбедноста. Вооружените сили на Кина се опремени со најнапредни системи за оружје“, рече Путин, а пренесува руската агенција ТАСС.

„Дури и заедно развиваме одредени видови високотехнолошки оружја. Соработуваме во сферата на вселената и производството на авиони и хеликоптери“, рече рускиот претседател.

Путин ги пофали руско-кинеските стратешки врски како фактор на стабилизација на глобалната сцена.

„Ова е целосно сеопфатно стратешко партнерство, кое е без преседан во историјата, барем меѓу Русија и Кина. Секојдневната активна работа е поволна и за Кинезите и за Русите и останува сериозен стабилизирачки фактор на меѓународната сцена“, заклучи Путин, пренесе Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This