РУСИЈА ПОВТОРНО Е СУПЕРСИЛА: Во неколку мандати, Путин успеа да и го врати статусот на Русија на супер-сила!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Западот релативно беспомошно ја набљудува војната и се покомплицираното преплетување на интересите во Сирија, а САД прилично претпазливо дејствува во овој регион, Русија се враќа на Блискиот исток 25 години по распадот на Советскиот сојуз

putin

 

 

Набргу откако завршија олимписките игри во Рио де Жанеиро и откако рускиот претседател Владимир Путин ги прими руските спортисти во Кремљ, некои од нив заминаа заедно со олимписките медали во воздухопловната база во Хмеими во Сирија и се поздравија со војниците. Инаку, од оваа база полетуваат руските бомбардери за да вршат воздушни напади на Идлиб, Алепо и околината на Палмира.

Не е првпат на руската телевизија воените ангажмани во Сирија да се претставуваат како доказ дека Русија надвор од сопствените граници има улога на светска сила. Слично прикриено значење има и деталното известување за разговорите помеѓу Москва и Вашингтон за ситуацијата во Сирија, за прекините на огнот и можната координација на воените ангажмани, пишува германски Велт.

 

SU_T-50

 

 

Додека Западот релативно беспомошно ја набљудува војната и се покомплицираното преплетување на интересите во Сирија, а САД прилично претпазливо дејствува во овој регион, Русија се враќа на Блискиот исток 25 години по распадот на Советскиот сојуз.

Москва сака повторно да биде на исто ниво во САД. За таа цел Путин ги обновува односите со државите во регионот и, во принцип, подготвен е да разговара со сите. Истовремено, многу добро знае кога е вистинскиот момент со воена сила некого да го стави пред свршен чин.

Пред половина година Русија почна воено да се ангажира во Сирија и веднаш стана земја без која решението на судирот повеќе не е можно. Руските авиони и противвоздушна одбрана за САД значеа исклучување на можноста за зона за забрана на летови.

Путин успеа да ја истурка својата волја: прво сакаше да го спаси сирискиот режим од пропаст и со тоа да обезбеди почитување на руските интереси во Сирија во иднина, без оглед како таа понатаму ќе изгледа. Второ, му беше битно да ги потисне исламистите, кои Русија веќе одамна ги доживува како опасност. Трето, на тој начин си го врати правото да решава, како на меѓународен план така и кога станува збор за актерите во регионот.

putin_asad

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

-Русија сака да ги принуди САД за сите прашања да се договараат со Москва, изјави рускиот политиколог Владимир Фролов. На руската стратегија и избор на сојузници на Блискиот исток, смета тој, битно влијаеше ривалитетот со САД.

 

[/kopa_block_quote]

Но, постои битна разлика во однос на Студената војна.

-Сега на Русија не и е битно да создаде зона на идеолошко влијание, смета Фролов.
Поради тоа, целта не е истиснување на САД од Ирак. Освен тоа, Москва нема начин да посее семе на раздорот помеѓу Турција и НАТО

Приближувањето на Турција и Русија

За разлика од Советскиот сојуз, Русија денес почесто применува попрагматични одошто идеолошки методи. За таквото однесување карактеристична е флексибилноста. Есента минатата година постоеја големи стравувања дека на северот од Сирија ќе избие отворен воен судир помеѓу Русија и Турција, која е членка на НАТО, откако турската авојација собори руски воен авион во близина на границата со Сирија.

Денес руската реакција на учеството на Турција во судирот во Сирија е многу блага, што укажува на тоа дека има некаков таен договор.

 

putin_erdogan

Руското министерство за надворешни работи изрази загриженост поради оваа постапка. Пред само неколку месеци, пред помирувањето на Путин и Ердоган, критиките секако ќе беа далеку поостри.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

-Москва тука зазеде претпазлив став, не сака да ги загрози повторно воспоставените односи со Турција, но ни да ги жртвува постојните односи со Курдите, вели експертот за Блискиот исток Елена Супонина. Се додека турскиот ангажман не ги надмине сегашните рамки, тоа нема да има влијание на повторното зближување на двете земји, тврди таа. Но, за Москва е важно Турција да не инсистира на неодложна оставка на Башар ал Асад.

 

[/kopa_block_quote]Зближувањето на Турција и Русија сепак не е во целост без потешкотии. Путин очигледно не успеа да го наметне барањето Турција да се откаже од давање поддршка на сириските бунтовници. Визиите за тоа како треба да изгледа идната сириска влада се премногу разли;ни за да биде возможна долгорочна соработка. Но, на Москва и е јасно дека Турција е членка на НАТО и дека тоа и ќе остане.

Односите на Москва и Техеран

Колку кревки можат да бидат договорите во регионот на Москва и стана јасно по инцидентот во иранската воздухопловна база во Хамадан – кога кон средината на август руските бомбардери за првпат полетаа од Иран кон Сирија.

Сепак, иако Русија и Иран се сојузници кога станува збор за Сирија, руските авиони по неколку дена мораа да ја напуштат базата Хамадан затоа што нивното присуство предизвика големо незадоволство во Иран.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

-Русите со ова сакаат да покажат дека се суперсила. Не се договоривме така, изјави иранскиот министер за одбрана Хосеин Деган, објаснувајќи ги несогласувањата во врска со базата во Хамадан.

 

[/kopa_block_quote]Русија одамна е заинтересирана за добри стратешки односи со Иран.

Москва тежнее кон економска соработка, но досега од пријателството со Техеран профитираше само воената индустрија. Русија на Иран му испорача противвоздушни системи С-300 кои треба да ги чуваат нуклеарните постројки.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This