Русија почна со производство на вакцината „Спутник“ во форма на спреј за нос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик-градоначалничката на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова, соопшти дека е развиена назална верзија на вакцината против корона вирусот „Спутник“.

Оваа вакцина исто така ќе биде двокомпонентна, но ќе се зема во форма на спреј и ќе може ја даваат само лекари.

Тоа е истата двокомпонентна вакцина „Спутник“, само што во кутијата ќе има и специјален спреј. Пациентите нема да можат сами да го користат, без оглед на тоа што неговата употреба е едноставна. Само медицински професионалец ќе може да го вбризга. Ќе се применува двапати – соопшти Ракова.

Таа објасни дека оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, како и дека таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние луѓе за кои не е препорачливо да примат традиционална вакцина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This