РУСИЈА: Се спрема ликвидaциja на Николас Мадуро!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија не ја исклучува можноста власта во Венецуела да се сруши нacилно, изјави за новинарите заменик шефот на дипломатијата на Русија, Сергеј Рјабков.

„Има кругови кои размислуваат на таа тема, и размислуваат за можните начини. Не ја исклучувам таа опција, но сметам дека тоа би била голема грешка за САД“, изјави Рјабков.

Портпаролот на претседателот на Русија, Димитриј Песков, соопшти дека не размислуваат за давање азил на претседателот Николас Мадуро.

Тој додаде дека Русија води интензивна политика на размена на мислења со своите странски партнери за ситуацијата во Венецула, но не и со САД.

Тој исто така нагласи дека е недозволиво било какво мешање од страна, бидејќи последиците би можеле да бидат катастрофални, рече Песков.

Во Венецуела на 21ви јануари започнаа масовни против актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро. Претседателот на парламентот на 23ти јануари се прогласи за привремен претседател на државата со поддршка на САД и неколку други земји кои не го признаваа Мадуро за легитимен претседател.

Мадуро во неколку наврато го нарече Гваидо „марионета на САД“.

Русија и Кина го поддржаа Николас Мадуро како легитимен претседател на Венецуела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This