Русија pacпали по Пентагон: Погледнeте се во огледало – Вие сте тие кои оставате xaос во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската амбасада во Вашингтон зборуваше за загриженоста на американскиот Стејт департмент и Пентагон поради наводната воена активност на Русија на границата со Украина, потсетувајќи ги дека американските војници непромислено талкаат низ светот и оставаат хаос зад себе.
„Ние сме збунети од загриженоста на прес-службата на Стејт департментот и Пентагон поради активностите на нашите вооружени сили на националната територија во руските граници. Погледнете се во огледало. Токму американските вооружени сили непромислено шетаат низ светот, оставајќи хаос зад себе“, се вели во соопштението на руската амбасада на Твитер.

Претходно, заменик портпаролката на Стејт департментот Џалина Портер изјави дека секоја вест за воената активност на Русија во близина на границата со Украина ја загрижува Америка и дека секоја агресивна акција ќе предизвика посебна загриженост кај Вашингтон.

Во исто време, портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби изјави дека Пентагон внимателно ја следи активноста на руските војници на границата со Украина.
Претходно американскиот весник „Политико“ објави сателитски снимки кои, како што тврдат, покажуваат дека Русија наводно групира сили и воена опрема на границата со Украина. Во написот се истакнува дека снимката покажува дека Русија акумулира тенкови, самоодно оружје и воен арсенал во областа на градот Јелња, кој се наоѓа во областа Смоленск. Интересен е фактот што се наоѓа на границата со Белорусија, а не со Украина.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги демантираше наводите на американските медиуми, нагласувајќи дека не се работи за дезинформации, туку за цела лажна кампања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This