РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА: Русија е подготвена за унапредување на пријателските односи со Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отсуството на желба кај некои западни земји да ја прифатат реалноста на полицентричниот свет кој објективно се формира и обидите да ја наметнуваат својата волја, сето тоа доведува до зголемување на конфликтниот потенцијал, загрозувајќи ја безбедноста, вклучително и на нашиот европски континент. Во овие услови, Русија ќе продолжи да води независна повеќевекторска политика, насочена кон националните интереси, на зацврстување безбедноста на земјата и создавање поволни надворешни услови за нејзиниот динамичен развој. Ова денеска во своето обраќање во Битола го рече Сергеј Александрович Баздникин, вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската федерација во Македонија, по повод традиционалното одбележување на Денот на руската дипломатија, при тоа, искажувајќи ја подготвеноста за унапредување на пријателските односи меѓу двете земји.

-Отворени сме за конструктивна соработка со сите земји кои се подготвени да соработуваат чесно за изнаоѓање прифатливи компромиси од заемна полза. Серазбира, подготвени сме и заунапредување на пријателските односи со Република Македонија во различни области, дотолку интензивно, доколку за тоа се подготвени нашите партнери. Нашите братски народи се поврзани со блиски духовни врски со повеќевековна историја и тоа е солидна основа за натамошно подобрување на односите, за доброто на нашите народи – рече во обраќањето, неговата екселенција Сергеј Александрович Баздникин.

Денешната церемонија на која Баздникин искажувајќи почит, се обрати на македонски јазик, заврши со положување цвеќе пред Рускиот крст во Битола, подигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кој на денешен ден во атентат беше убиен во 1903 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This