РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ ПРЕДВИДУВА: Доделување автокефалност од Фанарот на МПЦ по ,,Украинскиот рецепт’

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот црковен спop е можно да се решава по украински рецепт, изјави за српска Политика рускиот патријарх Кирил кој е во спop со вселенската патријаршија токму поради признавањето на ујраинската црква.

Според него Вселенската Патријаршија ќе и додели Томос за признавање на автокефалност на МПЦ, но и на црногорската црква.

Московски Патријарх и на цела Русија Кирил „-Ако се отфрлат споредните детали од “украинскиот рецепт“, како што Вие го нарекувате, сосема е едноставен: Цариградскиот патријарх на себе си даде право да од сега може да го ревидира кој било документ и договор, кој го издале неговите претходници, доколку неговата содржина не му одговара.. Следствено, тоа што патријархот Вартоломеј во интервјуто за вашиот весник го кажа за Македонија и Црна Гора, воопшто не гарантира дека украинското сценарио таму нема да се повтори. Македонија и Црна Гора сега се независни држави, а тоа значи дека актуелните канонски граници на СПЦ, според Томосот од 1922 година, Фанар може лесно да ги оспopи..

Според патријархот Кирил Вартоломеј намерно не зборувал за Српската Црква туку за Србија како држава, алудирајќи на современите граници, бидејќи во интервјуто тој вели тоа што и припаѓа на Србија и припаѓа канонски и еклсиолошки . Рускиот Патријарх вели дека иако Вартоломеј зборува дека сега нема намера да ги менува границите на СПЦ воедно изјавува и дека Цариградската Патријаршија е подготвена да ги пречекори тие граници доколку пристигне соодветно барање или се појави „поголема црковна потреба “. Според Патријархот Кирил очигледна е идејата на вселенскиот патријарх да го примени украинскиот рецепт за МПЦ особено затоа што такво барање од големо црковно значење во седиштето во Фанар го разбираат на свој начин и потсети дека лани премиерот Заев веќе испрати такво писмо со кое побара од седиштето во Цариград помош и поддршка во решавање на црковниот спop кој го има МПЦ.

Според верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓески по признавањето на украинската црква е отворена нова епоха во православието. Токму недоразбирањата меѓу Москва и вселенскиот патријарх навестуваат автокефалност и на МПЦ. Ѓорѓески очекува позитивен одговор од Фанарот.

Инаку автокефалноста која ја доби Украинската црква, за Москва е неважечка од канонска гледна точка по што порачаа дека тешко изводливо ќе биде нејзино признавање од страна на месните православни цркви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This