РУСКИТЕ АВИОНИ ГИ ГАЃААТ ТЕРОРИСТИТЕ ВО СИРИЈА: Неколку високопрецизни удари во Идлиб – уништени работилници за дронови на терористите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири руски авиони од авио-базата Хмејмим нападнаа објекти на терористите на Ал Нусра фронтот во сириската провинција Идлиб, изјавил за новинарите официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков

„Четири авиони на 4.септември полетаа од авио-базата Хмејмим и со високопрецизна муниција нападаа објекти на терористичката група Нусра фронт во провинцијата Идлиб“, рекол Конашенков.

Тој вели дека се гаѓани складишта на терористите, кои се наоѓаат надвор од населени мести, каде се чуваат дронови, како и подрачја откаде се лансирани тие дронови поради нападите на руската вонеа база и населените места во провинцијата Алепо и Хама.

Два повеќенаменски ловци-бомбардери СУ-34 со прецизни удари уништиле работилница во која милитантите на Нусра ги правеле дроновите.

Истиот ден, во вечерните часови, противвоздушните системи во Хмејмим на безбедна оддалеченост уништиле два терористички дрона. За време на последниот месец во подрачјето на базата Хмејмим се уништени вкупно 47 дронови на терористите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This