Русковска доби нова директива – сега ќе го гони и Апасиев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Левица се факторизираше со изборниот резултат и со освоените пратенички мандати на македонската политичка сцена, но очигледно на некого му пречи бројката на гласови која ја освои партијата на предвремените парламентарни избори.

Со освоените 2 пратеника, Левица многу лесно може да се најде во ситуација да одлучува за тоа кој ќе ја формира новата Влада во Република Македонија, па токму ова е главната причина поради која професорот Димитар Апасиев се најде на мета на обвинителството кое како што гледавме и слушавме изминатите три години е под директна контрола на Зоран Заев.

Од соопштение до медиумите дознаваме дека Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен токму од лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

– Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, се вели во соопштението од ОЈО.

Но сепак Апасиев не е загрижен од новонастанатата ситуација, па преку Фејсбук статус потенцираше дека можеби на политичката сцена е нов, но дека е професор по право.

-А бе, уше нога у Собрание не пуштивме, одма со терор, а? Хихихии. Срцки соросписки. Ја у политика сум нов, али у право сум ПРОФЕСОР. Немој мене со овие куршуми.

p.s. Никој не ме повикал нигде. Ако ме повика, ќе идам со задоволство и пак ќе ги победиме.

#ДржаватаЗаНародот
#ЛевицаВоПарламент, пишува професорт Димитар Апасиев на Фејсбук.

А бе, уше нога у Собрание не пуштивме, одма со терор, а? :)Хихихии. Срцки соросписки. Ја у политика сум нов, али у…

Posted by Димитар Апасиев on Friday, July 17, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This