Русковска: Се водат неколку истраги за актуелни функционери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вилма Русковска шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, откри дека се водат неколку истраги и предистраги за неколку актуелни функционери.

-Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да откријам повеќе бидејќи истите се тајни, рече Русковска, која додаде дека предметите се за економски криминал и корупција.

Русковска, со останатиот обвинителско -полициски врв присуствуваше на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во боpбата против транснационалниот организиран кpиминал“ што се одржува во Јавното обвинителство.

Во рамки на посетата јавниот обвинител Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на ма фија и на теpоpизам Федерико Кафиеро Де Рахо потпишаа Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This