РУСКОСКА: Чест ми е што Заев ме предложи да го водам новото ooбвинителство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавната обвинителka за организиран kpиминал Вилма Рускоска вели дека е чест што е предложена да го води новото Јавното обвинитeeлство за организиран kpиминал и висока кopyпција, но смета дека е премногу рано за честитки.

– Чест е во секој случај за кој било ooбвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието. – вели Рускоска во интервју за емисијата „Код” што ќе се емитува во неделното издание, дел од кое беше пренесено вечерва во дневникот на ТВ Телма.

Таа истакнува дека не го чувствува предлогот како награда.

– Како може нешто да чуствувате како награда кога ќе имате повеќе работа отколку што сте имале. Мислам дека не може да стане збор за награда. – посочува Рускоска.

За тоа дали во новото ЈО би ги вклучила и обвинитeeлите од досегашното СЈО, вели дека и претходно изјавила дека во тоа Обвинитeeлство има многу добри обвинитeeли, многу способни така што со задоволство би соработувала со нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This