САБOTAЖА: Голем дел од Венецуела повторно без електрична енергија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем дел од Венецуела по четврти пат се завитка во темнина, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Венецуела, која ја доживува својата најтешка политичка криза, вчера по четврти пат дојде до прекин на електричната енергија во голем дел од земјата. Прекинот на струјата траеше со часови.

Електричната енергија беше прекината во 19:00 часот по локално време, поради што голем дел од земјата беше завиткан во темнина, а прекинот на струјата го имаше зафатено и главниот град Каракас.

Хорхе Родригез, заменик-министерот за комуникација, култура и туризам на Венецуела, соопшти дека прекинот на електричната енергија што се случи по четврти пат во оваа земја, повторно е поради caботажа.

Првиот прекин на електричната енергија во Венецуела се случи на 7 март. Вториот прекин на електричната енергија се случи на 25 март и траеше 2 дена. Претседателот Николас Мадуро имаше соопштено дека причина за долгочасовниот прекин на електричната енергија во земјата е саботажата извршена од снајперист кој стрелал врз уредот за пренос на електричната енергија во најголемата електрична централа „Гури“ („Guri“), предизвикувајќи пожap.

Во петокот вечер се случи третиот прекин на електрична енергија и траеше околу 7 часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This