САД ги вpaќaaт мигpaнтcкитe ceмejcтвa вo Мексико

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите држави протеруваат мигранти во Мексико далеку од местото каде што ја минале границата, пренесе Ројтерс и наведува дека ова е во спротивност со одлуката на мексиканската држава Тамаулипас, која одбива да прифати семејства мигранти со мали деца.

Овој потег укажува на тоа дека администрацијата на Џо Бајден го заострува својот пристап кон мигрантите во време кога нивниот прилив кон границата со САД се зголемува. Бајден неодамна им порача на мигрантите да останат во нивните земји и да не одат на север, пренесе Гласот на Америка.

Некои семејства рекоа дека биле фатени на границата меѓу Мексико и Тексас, каде биле приведени неколку дена, а потоа американската гранична полиција ги однела на меѓународниот мост Сиудад Хуарез во Мексико, оддалечено околу 1.300 километри од местото каде влегле .

Фотограф на Ројтерс рече дека видел авиони со десетици мигрантски семејства со мали деца кои слетале во Ел Пасо, а потоа ги видел истите семејства како минуваат преку меѓународниот мост.

Портпаролот на граничната полиција на САД, Лендон Хаченс, изјави дека мигрантите се испраќаат во Ел Пасо, Ларедо и Сан Диего, бидејќи нема повеќе места во сместувачките центри во Рио Гранде.

Дилан Корбет, директор на организацијата „Hope Border Institute“, рече дека мнозинството семејства испратени во Сиудад Хуарез се со деца помали од седум години. Тој додава дека прифатните центри во Мексико се полни и поради пандемијата.

Една Сорто дошла во Ел Пасо со своите два сина од Хондурас, но потоа била испратена во Сиудад Хуарез. Ројтерс пишува дека во тој приемен центар има многу мали деца и бебиња.

„Не не прашаа ниту зошто дојдовме или каде одиме. Чекаме да ни кажат што понатаму“.

Новата практика на администрацијата на Бајден се применува во време на зголемен прилив на мигранти кон границата со САД. Републиканците го критикуваат Бајден за зголемениот број на нелегални преминувања на границите и мешаните пораки испратени до мигрантите.

Мигрантите како да го игнорираат предупредувањето на Бајден да не доаѓаат во САД, а шверцерите им даваат упатства да одат по патот затоа што границата е отворена.

„Јасно кажавме дека границата е затворена и дека повеќето од мигрантите ќе бидат вратени во Мексико или земјите од каде што доаѓаат во согласност со прописите“, рече портпарол на Белата куќа.

Џил Керликовски, кој работел во граничната служба за време на Барак Обама, вели дека е грешка што Бајден се потпирал само на апелите.

„Повеќе од 25 години испраќавме пораки до мигрантите од Мексико и Централна Америка да не доаѓаат, а тие не го слушаат тоа веќе 25 години“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This