САД ГИ ПРЕЗЕМА НАФТЕНИТЕ КОМПАНИИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Демократијата на дело!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон соопшти дека на Венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА и блокираше финансиски средства во вредност од седум милијарди долари.

За мерките против компанијата синоќа излегоа со соопштение советникот за национална безбедност Џон Болтон и министерот за финансии Стивен Мнучин, а мерките опфаќаат средства на Венецуелската компанија над кои САД има надлежност, како и забрана за Американците да соработуваат со таа компанија, пренесува Танјуг.

Воведените мерки имаат за цел да му се помогне на Венецуелскиот опозиционен лидер Хуан Гваидо, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела, а кој Американската администрација го призна за легитимен лидер на Венецуела, пренесува АП.

„САД ги повика виновниците за трагичните настани да преземат одговорност, додека тие ќе продолжат со сите економски и дипломатски средства да го поддржуваат привремениот претседател Хуан Гваидо и Националното собрание како и напорите на Венецуелскиот народ да ја обнови демократијата.“, изјави Мнучин.

Според неговата изјава, санкциите ќе го спречат претседателот Николас Мадуро и понатаму да краде од Венецуелскиот народ, и ќе ја пренесат неговата моќ на претседателот на новата демократски избрана влада.

Гваидо, пак, соопшти дека му наложил на Конгресот да започне со процесот на именување на новиот управен одбор на државната нафтена компанија ПДВСА и рафинеријата „Цитго“’, којашто е Американска подружница на компанијата, пренесува Ројтерс.

Американската агенција смета дека овој економски потег на администрацијата на Трамп е од исклучително значење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This