САД ги пpoменија пpeпораките за патување во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центрите за контрола и превенција на болести на САД синоќа ги обновија препораките за патување во Македонија до ниво 1, што значи дека важат стандардни мерки за безбедност при патување со вообичаена внимателност.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, центрите укажаа на ниско ниво на Ковид-19 во земјата и на понизок ризик за зараза или развој на тешка форма на болеста за оние кои се целосно вакцинирани со вакцини одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД.

Прес-службата на Стејт департментот соопшти дека по направена анализа за безбедноста при патување, претпазливите мерки се обновени и спуштени на ниво 1 за Македонија, како и за Бермудите, Габон и Романија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This