САД го поздравија потегот на Русија, отворен патот за дијалог помеѓу двете земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД го поздравуваат повлекувањето на руската армија од границата со Украина и водат разговори со Москва, изјави советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Саливан.

„Обрнавме внимание на фактот дека тие (руските власти) повлекоа значителен број од своите сили од границата и ги вратија во вообичаените бази. Тоа е конструктивен чекор“, рече Саливан на безбедносниот форум во Аспен.
Според Саливан, Соединетите држави имаат намера „да го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и да користат доверливи дипломатски контакти на високо ниво за да разговараат со Русите како да пристапат кон ситуацијата“. Паралелно, Вашингтон ќе се консултира со Берлин, Париз и други клучни актери.

Тој посочи дека не се разгледува можноста САД да дадат некаков вид итна воена помош на Украина.

„Имаме соработка со Украина во областа на безбедноста, во рамките на која им обезбедуваме воена опрема, а исто така обезбедуваме и некои видови обука. Како што реков, нашите безбедносни односи продолжуваат. Не станува збор за преземање на нешто што е надвор од тој ритам. Сепак, САД претходно добија барања од Украинците и им предадоа оружје и воена опрема. Ние ќе прифатиме такви барања во иднина и ќе бидеме подготвени да им обезбедиме одредени видови материјални ресурси “, прецизира тој.

Тој исто така најави дека Соединетите држави разговараат со Русија за можен самит на претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин.

„Активно разговараме за ова прашање, утрово разговарав со мојот руски колега, рускиот советник за национална безбедност (Николај Патрушев). „е обидуваме да направиме планови за самитот во трета земја во Европа за летото, датумот и местото не се утврдени, но активно разговараме за тоа“, прецизира американскиот советник.
Тој повтори дека, од гледна точка на Бајден, самитот ќе биде корисен за „воспоставување на подобро разбирање“ меѓу земјите.

Претходно, министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, издаде декрет армијата што учествуваше во вежбите на југот на земјата, да се врати во своите постојани бази до 1 мај. Повеќе од 10.000 војници, 1.200 единици оружје и воена опрема, како и 40 воени бродови учествуваа во маневрите што се одржаа на Крим.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This