April 27, 2024, 10:45 am

САД издаде зaбpaна за летови кон и од Белорусија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот секретаријат за сообраќај објави забрана за продажба на билети за авионски летови на релација меѓу САД и Белорусија, бидејќи во таа земја насилно приземји авион на Рајанер, по што новинарот Роман Проташевич беше приведен во Минск.

Според Гласот на Америка, Секретаријатот за сообраќај објави дека Стејт департментот утврдил дека забраната за патување меѓу САД и Белорусија е во надворешно-политички интерес на Вашингтон, наведува Бета.

Беше посочено дека налогот важи и за поврзување на летови, кои вклучуваат употреба на услуги на неколку авиокомпании за време на патувањето.

Одлуката, која американските власти ја планираа неколку недели, е првенствено симболична затоа што се купуваат мал број билети за маршрутата меѓу САД и Белорусија.

Сепак, тоа не се однесува на товарни превозници како UPS или Fedex, кои летаат над територијата на Белорусија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This