САД СЕ ОДМАЗДУВА ПОРАДИ СОПСТВЕНИОТ НЕУСПЕХ: Москва смета дека чекорите на Обама се одмазда за сопствениот неуспех!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последните потези на Вашингтон се одмазда за неуспехот на сопствената политика. Силна симболика е тоа што се поклопија со почетокот на примирјето во Сирија, изјавила претставничката на руското МНР Марија Захарова
rusija_kremlj

„Силна симболика е тоа што се случи на 29-ти декември во светот. Во Москва е објавено примирје во Сирија, долгоочекувано, кое го баравме – го бараа дипломатите и војската, обединувајќи ги напорите, обидувајќи се да ги пронајдат приближните точки со нашите партнери. Тоа беше тешко. И толку искушенија поминаа ресорите на војската и руската надворешна политика. На истот ден кога се објави примирјето, Вашингтон објави дека протерува руски дипломати – тоа е една рста на одмазда за неуспехот на сопствената надворешна политика. Мислам дка тоа е многу симболично“, рекол дипломатот.

САД ќе го напуштат 96 руски државјани – „Всушност не се работи само за дипломати, туку и членови на нивните семејства. Тоа се 96 лица, вклучително и деца од школска и предшколска возраст“, ијзавила Захарова.

Во списокот на санкционирани во САД се нашле и дипломати кои во САД работеле само два месеци.

„Според податоците кои на администрацијата и послужиле како основа за донесување на такви одлуки се податоците на специјалните сужби, дека наводно руските дипломати учествувале во некакви работи во врска со одржувањето на изборите за претседател на САД“, соопштила Захарова. „Би сакала да наведам дека на списокот на дипломати и соработници на дипломатските мисии на Русија на територија на САД се најдоа и луѓе кои работат во Америка буквално два месеци. На кој технолошки начин тие би можеле да учествуваат во подривање на американските избори, и за што зборуваат специјалните служби, укажувајќи на датуми од 2015 година и пролетта во 2016 година – сеуште е нејасно“, изјавила таа.
Вчера, САД соопшти дека ќе депортира 35 руски дипломати од Вашингтон и Сан Франциско.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This