САД ЌЕ ГИ ЗАЈАКНАТ CAHКЦИИТЕ ПРОТИВ СЕВЕРНА КОРЕЈА: Трамп бесен поради неуспешниот самит!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, Џон Болтон изјави дека САД би можеле да ги зајакнат санкциите против Северна Кореја доколку таа земја не се откаже од својата нyклeapнa програма.

Тој истакна дека Вашингтон, по самитот во Ханој, ќе следи дали Пјонгјанг е посветен на откажувањето од нyклeapната програма „и се што е поврзано со неа“.

„Доколку тоа не го сакаат, мислам дека претседателот Трамп беше многу јасен, нема да добијат ублажување на економските санкции кои им се воведени, туку напротив ќе се обидеме да ги зајакнеме“, објасни Болтон.

Неговата изјава доаѓа по завршувањето на вториот самит меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој заврши без договор. Јужнокорејските разузнавачки агенции откриле знаци дека Северна Кореја обновува дел од локацијата за ланcиpaње paкети Донгчанг-ри, која претходно ја урна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This