САД ќе ја бојкотираат зимската Олимпијада во Пекинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Администрацијата во Вашингтон има намера да објави дека претседателот Џо Бајден и сите останати владини чиновници на САД нема да присуствуваат на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг, јави синоќа Вашингтон пост.

Од извори на весникот се дознава дека бојкотот е планиран како протест против нарушувањето на човековите права од страна на кинеските власти.

Притоа, американските спортисти ќе имаат право да учествуваат во натпреварите.

Конечното решение се уште не е донесено, официјани препораки веќе биле испратени до Бајден, и најверојатно тој ќе ги потврди до крајот на ноември, се наведува во објавата.

Во одговор на објавата на Вашингтон пост, републикаскиот сенатор Мит Ромни изрази поддршка за дипломатски бојкот на игрите.

„Неприфатливо е тоа што Кина организира Олимпијада, а истовремено Комунистичката партија на Кина врши геноцид врз Ујгурите“, напиша Ромни на Твитер.

Од Белата куќа се уште ја немаат потврдено веста дека се подготвува дипломатски бојкот на ЗОИ 2022 во Пекинг. Официјален претставник изјави дека тоа не било споменато во неодамнешниот разговор меѓу Бајден и претседателот на Кина Си Џинпинг

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This