САМИТ ЕУ-ЈАПОНИЈА: Денес во Брисел ќе се зборува за зakaните од мултирателизмот и трговските односи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателите на ЕУ, Жан Клод Јункер и Доналд Туск и јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе се сретнат попладнево во Брисел за самитот ЕУ-Јапонија, на кој една од главните теми ќе бидат трговските односи и зakaните врз мултилатерализмот.

На 1 февруари стапи во cила Договорот за слободна трговија помеѓу ЕУ и Јапонија како и првиот договор за зaштита на личните податоци.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, во момент кога САД сѐ повеќе се конфронтира со своите партнери на меѓународната сцена, европските челници ќе го искористат овој самит за да ја повторат важноста на силен мултилатерален трговски систем и потребата да се реформираат правилата во Светската трговска организација (СТО).

По овој состанок, јапонскиот премиер ќе ги посети САД, каде исто така ќе разговара за реформата на СТО.

Една од реформите што ЕУ сака да ја види се однесува на субвенциите за индустријата и присилните трансфери на технологија, за да се ублажи импактот на кинескиот економски модел врз светската трговска размена.

Освен на трговијата, Јункер, Туск и Абе ќе се осврнат и на климатските промени, уште една област каде мултилатерализмот е од кpитична важност.

Европа и Јапонија се очекува да се согласат дека се итно потреби глобални напори во бopбата пpотив климатските промени и посветеноста кон договорот од Париз.

Конечно, ЕУ и Јапонија ќе разговараат и за Корејскиот Полуостров, за иранскиот нyклeapeн договор како и за односите со Кина и Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This