САМО ВО СЕВЕРНА: Македонија должи 780 милиони евра сама на себе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безмалку половина милион македонски државјани доцнеле со исплатата на разните обврски во 2018, според евиденцијата на Македонското кредитно биро, инаку податок кој за прв пат се објавува во историјата откако се создаде законска можност за тоа, пренесува Фактор.

Станува збор за 493.455 македонски граѓани кои не ги доплатиле редовно дефинираните обврски во кои влегуваат долговите за кредити, кредитни картички и трансакциски сметки со дозволено пречекорување, даноци, такси, придонеси, телекомуникациски услуги и услуги на дневно ниво, комунални сметки и други месечни фактури, акредитиви, лизинг и гаранции.

Ваквите задоцнети неплаќања се големи и кај фирмите и други правни лица и бележат број од 44.155 и должат многу поголем износ од граѓаните. Ако поединците како физички лица должат вкупно 13,2 милијарди денари, фирмите и другите субјекти имаат неплатен долг од 34,4 милијарди денари. Станува збор за вкупна сума од 780 милиони евра што ги должат физичките и правни лица.

Голем број од неплатените обврски се долгогодишни, па затоа просекот на денови на доцнење кај индивидуалците е 1.018, додека правните субјекти се за нијанса „подобри“ со 987 дена во просек.

Во Македонија минатата година постоеле 4.335.910 вакви обврски за плаѓање разни сметки, кредити, даноци и месечни услуги кои ги плаќале 1.472.361 регистрирани македонски државјани и 122.782 фирми, друштва, организации, здруженија и друго.

Во 2018 имало 357.668 Македонци кои имале обврски по основ на подигнати кредити и финансиски лизинг, додека бројот на фирми изнесува 13.558.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This