Само два месеци пред да пpoпадне, Нина од „Еуростандард“ банка пoвлeклa илјадници евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По стапувањето на функцијата министер за финансии, Државната комисија за спречување на корупција го објави Анкетниот лист на Нина Ангеловска соогласно законските прописи. На 01.10.2019 година, 30 годиншната Ангеловска располагала со 300 илјади банкарски депозит лоциран во две македонски банки, Еуростандард банка и Уни Банка.

Ко-основачката на “Grouper.mk” која во Владата пристигна од приватниот сектор, на сметката во „Еуростандард“ банка поседувала 200.000 евра денарски депозит од 2014-та и 51,2 илјади евра девизен депозит во истата банка од 2017-та година.

Народната банка ја укина дозволата на Еуростандард Банка, поради неисполнување на условите, а воедно ќе биде побарана и стечајна постапка, изјави гувернерката Бежовска на вонредната прес конференција.

Како што кажа таа, Фондот за осигурување депозити обесштетува до 30.000 евра, а такви се депозитите на околу 136 илјади граѓани во Еуростандард банка. 780 депоненти нема да бидат во целост обесштетени, додаде гувернерката. Вкупно депозитите на физички лица во Еуростандард банка изнесуваат 4,4 милијарди денари.

Во моментов според доставениот анкетен лист на бежоска во ДКСК таа на сметката во „Еуростандар банка“ има само 500 евра кои соогласно законските регулативи ќе и бидат вратени од страна на државата.

Доколку министерката не ги извадела навреме парите од Еуростандард банка таа од државата би добила назад само 30 илјади евра и била во загуба од 220 илјади евра. Логично се наметнува прашањето дали министерката за финансии ја злоупотребила својата службена положба и информации со кои располагала за навреме да ги испразни сметките во банката.

Имала ли министерката за финансии интерни информации дека Еуростандард ќе пропадне за да си ги извади парите навреме?

Нина Ангеловска ги повлекла парите од Еуростандард во јануари и јуни годинава, односно последната промена е направена само два месеци пред Народната банка да и ја одземе дозволата за работа на банката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This