МАКЕДОНИЈА ТОНЕ:Само Заев и функционерите на СДСМ може да бидат задоволни од фактот што Македонија тоне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После 11 месеци, само Заев, Вицето и нивните соработници може да бидат задоволни од тоа каде биле, а каде се сега. Само Заев, Вицето, Анѓушев и функционерите на СДСМ може да бидат задоволни од тоа што Македонија тоне во корупција, се качуваат акцизите, расте криминалот и рекетот, а народот осиромашува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Впрочем после 10 месеци Заев наместо одговорност за барање поткуп од едно евро по квадрат, сега го реформира судството и си ги вика обвинителите на кафе. Лекцијата за која Заев може да говори е како да се оштети државата за 8 милиони евра и потоа да се издејствува амнестија. Како да се спроведуваат тендери и криминални договори од општината со своите бизнис партнери, роднини и братучеди. Економијата на Заев доживува фијаско, а тоа се гледа по едноставниот факт што граѓаните оваа година во првите три месеци потрошиле 45 милиони евра помалку споредено со лани, што значи дека народот нема пари. Тоа значи дека паѓаат во вода сите негови фалби во екомијата чии бенефити ги гледа само кланот на власт, стои во реакцијата на партијата на интервјуто на Зоран Заев дадено за Македонска информативна агенција (МИА) и се додава:

– Единствените проекти со кои Заев се пофали се оние наследените од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, било тоа да се патиштата, било да се инвестициите, или енергетските проекти. Билансот на нови капитални инвестиции е нула. И она што се троши за капитални расходи е помалку од минатата година, а тоа е така затоа што освен тоа што нема нови проекти стотина започнати од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ се во застој или прекинати. Што се однесува до надворешната политика Зоран Заев е должен да објасни две работи: на што го темели својот оптимизам за името и ако вели дека ги штити државните интереси, тогаш која е причината поради која споменува крај на политичката кариера. Дали тоа значи дека ќе донесе решение спротивно на волјата на мнозинството. Решение кое нема да e прифатливо за народот, па затоа e сведен дека тоа ќе e крај на неговата кариера. Второ дали воопшто разбира дека неговата кариера e безмислена и без никаква вредност за народот споредбено со важноста од достоинствено решение за името. Во право е Заев дека последиците од некаква грешка и непринципиелни отстапки во преговорите со Грција би ги чувствувале и плаќале сите, но одговорноста е само негова, затоа што тој продожува лично да се коцка со највисоките национални интереси“.

ВМРО-ДПМНЕ, подвлекуваат од партијата, за разлика од Заев секогаш ќе биде на страна на Македонија и народот и во одбрана на нивните интереси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This