САМО ЗА ДАТУМОТ ПОВЕЌЕ ЛAЖEШE: Колку пати Заев излaжa дека ќе си даде ocтавка?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата реторика дека ќе се превземе одговорност во државата при евентуални неуспеси на владата во водењето на државата и дипломатските политики кои што се спроведуваат надвор од Македонија, е веќе повеќе од позната. Бројни се изјавите за превземање одговорност од страна на премиерот, тој дури излажа во неколку наврати дека ќе си поднесе оставка и тоа при изјави дадено кон странски медиуми.

Ако се потсетиме на неговите изјави во пресрет на референдумското изјаснување на граѓаните за промена на името за влез во Еропската унија и НАТО, тој тогаш несомнено порача на целата македонска јавност дека при евентуално неуспешен референдум ќе си поднесе оставка. Неуспешноста на референдумот владата успеа да го срочи во правно дискутабилната предлог одлука до собранието за промена на името.

„Да, ќе си заминам ако не успее референдумот во Македонија, тоа значи дека најсериозните гаранции за иднината на мојата земја јас не сум успеал да ги постигнам, убедувајќи го мнозинството од овој народ“, рече Заев на 26 јуни минатата година во гостување во емисија на 1тв.

Во јуни оваа година во пресрет на заседавањето на Советот на министри на Европската унија, тој исто така изјави дека доколку нема датум за преговори, односно доколку Европската унија не си ги исполни ветувањата тој ќе си поднесе одговорност .

Во интервјуто за белгискиот весник „Ле Соар“ на 6 јуни годинава тој истакна дека „Ако тоа не биде случај, нормално е да се превземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе превземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат“. Подоцна владата наоѓаше оправдувања дека требало да се почека до октомври месец кога сигурно ќе се добиел датумот.

Иако пред две години владата потроши огромни 180 000 евра за прославите и концертите и славеше за „влезот“ во ЕУ и НАТО и тврдеше дека сме добиле „датум за датум“, но датумот не дојде ни во јуни, ниту пак во јули месец.

Овие денови повторно ја следиме истата реторика на Заев, тој денеска во изјава за српската новинска агенција „Танјуг“ изјави дека доколку нема позитивна одлука за Македонија на самитот кој што оваа недела се одржува и по изјавите на Францускиот претседател макрон кој се спротивставува на влезот на Македонија во ЕУ, владата ќе падне.

„Алтернатива за нас нема. Ако не се донесе одлука ние не можеме да се откажеме од ЕУ. Секако дека ЕУ е нашата иднина. Веројатно ќе ја уништи владата во Македонија, рече Заев.

Заев има време до петок да одлучи дали повторно ќе ја излаже македонската јавност како неколку наврати претходно, дека ќе си поднесе оставка и ќе превземе одговорност за погрешните политики на власта како во однос на веројатното недобивање на датум за преговори, така и за катастрофалните домашни политики кои ги води владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This