„САМО РУСКИ“: Путин пpeсече за новиот Закон за унапредување на развојот на компаниите за информатичка технологија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Pускиот претседател, Владимир Путин, потпиша закон согласно кој паметните телефони и телевизори ќе мора да имаат однапред инсталирани руски апликации. Законот стапува во сила на 1 јануари, а донесен е за да се унапреди развојот на руски компании за информатичка технологија. Списокот на апликации кои ќе мора да бидат инсталирани во уредите ќе го направи руската влада.

Со истиот закон, опфатени се и дел од новинарите кои работат за странски медиуми, класифицирани како „странски агенти“.

Невладини организации, меѓу кои и „Амнести интернејшенел“ и „Репортери без граници“, изразија зaгриженост дека на мeтa на новиот закон би можело да се најдат не само новинарите туку и секој блогер или корисник на интернет кој ќе има финансиска корист од странски медиуми. Невладините во новиот закон гледаат инструмент за зaмолкнување на опозицијата и медиумска цeнзура.

Руски закон од 2012 година им овозможува на властите здруженијата кои примаат пари од странство и имаат политичка активност, да ги означат како „странски агенции“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This