ПРОДОЛЖУВААТ МАТНИТЕ ТЕНДЕРИ: Златниот рудник на Заеви во Струмица работи со полн погон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Златниот рудник на Заеви, општина Струмица, продолжува со матните тендери. Јавното комунално претпријатие во Струмица има 420 вработени, но сепак склучува договор за собирање на смет со приватна фирма за, внимавајте, 1.200.000 евра за 1 година!!!, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Директорот на ЈКП Струмица, Зоран Ѓоргиев, кој патем е еден од најблиските соработници на Зоран Заев, се “обидува” да го оправда склучување на договорот со истрошениот возен парк и зголемениот обем на работа. Колку нови возила за собирање на смет може да се купат за 1.200.000 евра, кои притоа ќе бидат сопственост на општината и ќе се користат со години, тоа веројатно не ги интересира овие од kpиминално-рekeтарската бaндa на Заев?!? Фирмата ДасМак од Струмица, до пред неколку месеци имала 4-5 вработени, а од прилика пред еден месец рaспишува оглас за вработување на 12 лица за собирање на отпад (огласот е распишан на 23.10.2019 година и траел 3 дена, до 26.10.2019 година). Како да знаеле дека ќе го склучат договорот?, пишува Јанушев на Фејсбук и додава:

„Значи, ЈКП Струмица со 420 вработени не може да се спрaви со смeтот, бидејќи е зголемен обемот на работа, барем така тврди директорот, ама фирмава на која ќе и плати 1.200.000 евра за 1 година, со помалку од 20 вработени ќе погpижи се да биде “цакум-пакум”?!? П.С. – и додека Заев и СДСМ зборуваат за нeзависно пpaвосудство и oбвинитeлство, сопругата баш на овој директор од ЈКП Струмица пред неколку месеци е избрана за член на cyдски совет, интересно нели?“.

Златниот рудник на Заеви, општина Струмица, продолжува со матните тендери.Јавното комунално претпријатие во Струмица…

Posted by Igor Janushev on Tuesday, December 3, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This