Само се moли да не го aпcaт: Борисов нema да предлага Bлада и ќе го врати мандатот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На средба со новите пратеници од коалицијата ГЕРБ-СДС, поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов коментираше дека овој пат тие нема да предложат влада и ќе го вратат мандатот што претседателот Радев, според бугарскиот Устав, треба да им го даде како втора политичка партија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов смета дека доколку Бугарија стигне до ситуација оваа година да организира и трети парламентарни избори, таа ќе колабира. Тој искоментира дека партиите „Има таков народ“ и ДПС работат заедно, а пред извесно време ја обвини ДПС дека своите гласови ги прелева кон партијата на Слави Трифонов.

На состанокот со сите избрани пратеници од ГЕРБ-СДС, што беше пренесувана во живо на Фејсбук профилот на Борисов и на веб-страницата на партијата, стана јасно дека коалицијата ќе ја номинира Росица Кирова за заменик претседател на 46. Национално собрание.

Десислава Атанасова повторно ќе претседава со парламентарната група на ГЕРБ-СДС, а нејзини заменици ќе бидат Александар Ненков, Тома Биков и лидерот на УДФ Румен Христов.

Според Борисов, од првото заседание на парламентот ќе биде јасно дали ќе има влада, бидејќи индикатор ќе биде изборот на претседател на новоизбраниот бугарски Парламент.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, се појави во Генералниот директорат на Националната полиција на Бугарија каде беше повикан за да даде исказ. Во врска со сигналите за кои беше повикан да сведочи, водачот на ГЕРБ рече дека тие се засноваат на принципот „некој нешто слушнал, некој нешто кажал“. Тој појасни дека станува збор за настани од 2009 и 2012 година и закани дека ќе изеде некого.

– И по 3 сигнали за кои дадов информации, се, се сведува на тоа дека некој нешто слушнал, дека некој нешто кажал, и тоа се од 2009 до 2012 година.“ – изјави Борисов.

Изјави Борисов пред новинарите. Пред, националнта полиција, покрај медиумите беа собрани поддржувачи на партијата на Борисов – ГЕРБ во знак на поддршка на поранешниот премиер.

– Никој не ги организираше овие луѓе. Почнувам со Централната изборна комисија ЦИК во обид да ме понижи вчера ме потврди како пратеник, но требаше да знаат дека како пратеник не можеа овде да ме повикаат и затоа среде ноќ го сменија решението. – кажа Борисов откако ја напушти полициската зграда.

Самиот Борисов го најави закажаното испрашување во вторникот за време на брифингот во седиштето на партијата. Тој ја покажа поканата пред камерите и рече дека сака самиот привремен министер за внатрешни работи Бојко Рашков да го испрашува. “ГЕРБ е коска во грлото. Се надевам дека ќе излезам жив.

Можеби ќе ме приведат”, коментираше тогаш Борисов. Инаку поранешен премиер на Бугарија, вчера предупреди дека земјата, по повторените парламентарни избори, се соочува со сериозна политичка криза. Откако ниту неговата партија, а ниту пак партија на Слави Трифунов „Има Таков народ“ не успеваат да обезбедат мнозинство во парламентот за се формира стабилна влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This