САМ СЕ ПОТСТРИЖУВА, НЕ ОДИ ВО ТОАЛЕТ: аЧудни факти за најмладиот диктатор на светот Ким Џонг Ун

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сам се потстрижува, постојано се смее на фотографии и има контрола дури и на поп музиката во државата.

Ким Џонг Ун е најмладиот диктатор во светот и има многу чудна биографија.

Лидерот на Северна Кореја е вечна тема за медиумите во целиот свет.

Дел од чудните факти за него:


Датумот на неговото раѓање е непознат
Има многу гласини околу роденденот на Ким, некои велат 8-ми јануари или 5-ти јули, 1982, можеби 1983 или пак 1984 година.

Во официјалните документи е запишана 1982 година, но тоа е само затоа што тој сака да изгледа постаро. Во секој случај, тој е најмладиот претседател на држава во светот.


Неговите веѓи стануваат пократки
На фотографиите направени низ годините се гледа дека нешто чудно се случува со неговите веѓи – тие се скратуваат.

Извори блиски до него тврдат дека тоа го прави затоа што сака да личи на татка си.
Неговото детство е завиено во мистерија
Тој не ги покажува фотографиите од детството, иако во 2014 неколку беа прикажани на една церемонија, но сепак не се знае со сигурност дали е тој навистина на фотографиите.
Бирал членови за локален женски бенд
Во Северна Кореја е многу популарна нивната поп музика, но за разлика од кај нас изведувачите често ги придружува воениот оркестар и во спотовите секогаш задолжително е да се прикаже колку убаво се живее во Северна Кореја.

Еден од најпознатите женски бендови им е „Moranbon“, за кој лично лидерот ја направил селекцијата.
Официјално носи низа ласкави титули
Лидер, ѕвезда, командант и што уште не. Дел од титулите на Ким се: „The highest leader of the DPRK, leader of the party, army and people“, „New star“, „The Brilliant Comrade“, „Genius among geniuses“, „Marshal of the DPRK“ итн.

Тој има диплома по физика од универзитетот Kim Il Sung и докторат по економија на приватниот малезиски универзитет HELP.
Студирал во Швајцарија под друго име
На престижен универзитет во Берн, Швајцарија, од 1998 до 2000 година, студент од Северна Кореја студирал под името Пак Еун или Непак, како син на член на амбасадата.

Според фотките со слаб квалитет од тој период, некои тврдат дека тоа бил Ким Џонг Ун, кој во младоста се интересирал за забава и спорт, а не за политика.
Обожава кошарка и пријател е со Денис Родман
Ким Џонг Ун во младоста го обожавал Мајкл Џордан, а во 2013 го запознал Денис Родман и му го покажал својот личен приватен остров и оттогаш станале пријатели.
Тој се смее на сите фотографии
За разлика од останатите политичари, кои често се умерени во позирањето, Ким на сите фотографии се смее од уво до уво.

Без разлика дали сади дрвја со студентите или лансира оружје за масовно уништување, Ким не ја трга насмевката. Сака да им демонстрира на луѓето дека тој е олицетворение на радост.
Има чудна фризура


Тој има хипстерска
фризура, кој ја носеше дури и Бред Пит во филмот „Rage“, но ја носи чудно.

Ким ја чешла погрешно, плус таа не му одговара на обликот на лицето. Диктаторот нема доверба во фризерите и сам се потстрижува.
Тој „не оди во тоалет“
Токму вака пишува и за него и за неговиот татко во нивните официјални биографии. Дали луѓето од Северна Кореја навистина веруваат во тоа, останува мистерија.

Ако Ким ослабе ќе изгледа многу посериозно и пострашно, докажа еден фотошоп експеримент…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This