Сведокот „Нинџа“ својата меморија ја прилагодува на потребите и барањата на обвинителството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот на неколку од осомничените за случајот 27ми април, Еленко Миланов, вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија истакна дека сведокот Александар Василевски – Нинџа кој вчера сведочеше во судница за случајот за 27-ми април, својата меморија ја прилагодувал на потребите и барањата на обвинителството.

Александар Василевски – Нинџа вчера на сведочењето кажа работи коишто никогаш претходно не ги споменал во своите искази претходно, ниту на судењето претходно, сега прошири и измени, внесувал и изнесувал лица, и се сети на некои настани и лица за кои претходно една година не се сеќавал, вели Миланов.

Адвокатот вели дека од тие причини овој сведок и неговото сведочење не можат да бидат релевантен доказ на којшто може да се заснова една пресуда со доволно факти.

Миланов потенцираше дека не може човек кој под претпоставка имал толку податоци и информации да добие најлесна казна ако веќе бил дел од некаква организација за 27ми април.

-Сметам дека она што го зборува овој сведок, во својот исказ Александар Василевски – Нинџа нема поткрепа, ниту во вербални, ниту во материјалните докази кои воопшто постојат во овој предмет, ако го следевте вчерашниот негов исказ тој зборува за многу повеќе лица за коишто не се превземени постапки, логична претпоставка е дека обвинителството провери каде тие се наоѓале по нивните телефони, па не ги стави во постапка затоа што ако ги ставеше во постапка ќе се дознаеше дека за тие лица апсолутно лаже, а тие докази ќе мора да ги даде на одбраната, со тоа што самата Русковска ќе си го срушеше овој сведок, посочи адвокат Миланов.

Миланов потенцираше дека вчера Нинџа ништо не кажал што може да се потврди, зашто ако се оди по базните станици на неговото движење, а тие ќе се изведат, ќе се докаже дека не е така како што вели во однос на неговото движење.

Не можам да објаснам како сето тоа она што го кажа може да го помни, или пак можеби некој му го дал обвинението да го прочита па да се води по истото, вели Миланов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This