СВЕДОШТВО НА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИН: “Се се одвиваше коректно дур не ја напуштивме бугарската граница, но кога пристигнавме на македонската…”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“За македонЦките работи” (или како сопствената држава те третира како граѓанин од 3 ред).

По повеќе од 2 месеци поминати во карантин на брод, на трето оперативно ниво со ограничено време за јадење, движење надвор од кабина, без социјални настани како забави и друштвени игри, секој со сопствена кабина и WC, конечно добивме новости дека сите 92 македонци од крузерот Carnival Breeze ке си одиме дома.
Со шише вода, 2 сендвичи и неколку колачиња во кесе (обезбедени од компанијата) тргнавме со автобус од пристаништето на Саутемптон до аеродромот во Лондон. Без многу одолговлекување по сите поминати процедури се качивме во авионот. На наше изненадување летот беше комерцијален и повеке од 30% од патниците не беа членови на екипажот (crew members) што придонесе да се чувствуваме недоволно заштитени и безбедни заради “мешање” со други луѓе.
По пристигнувањето на аеродромот во Софија сите македонци бевме одделени во посебна група, и процедурата околу проверка на пасоши се заврши многу брзо. Сите службени лица на аеродромот беа максимално коректни спрема нас и по помалку од 1 час ние бевме надвор пред автобусите кои требаше да не одвезат до граница. Од одредени причини чекавме повеќе од 1 и пол час, по што од страна на полицијата ни беше дозволено да се вратиме назад во просториите на аеродромот за да користиме WC – обратете внимание и запамтете го овој детал.
Пред да стигнеме на македонската граница, во максимално коректен манир, возачите на автобуси застанаа на бензинска пумпа за да си купиме потребни намирници, пушиме цигари, WC, искористиме бесплатен интернет од бензинската и т.н.
Поминувајќи ја бугарската граница, си рековме “СЕГА СМЕ НА СИГУРНО, ДОМА СМЕ” (хахахахаха, нели)

По пристигнувањето на македонскиот дел од границата во тотална конфузија и неинформираност помеѓу службениците најпрвин ни беа одземени пасошите без никакво предупредување, добивме инструкции да ги ставиме куферите во автобус и да чекаме. Со оглед на тоа што очигледно за некого било премногу комплицирано да пресмета колку простор и автобуси ќе треба за 92 особи, имајќи на ум социјално дистанцирање и простор за багаж, немаше доволно место ниту за едното ниту за другото. Околу 40 луѓе сеуште патуваа кон граница (бевме поделени во две групи уште од брод) и заради претходно споменатите причини беше повикан уште еден автобус од Скопје. На наша среќа работеше едно мало дуќанче во близина па можевме да купиме вода, кафе, и се друго за освежување. Откако во последен момент дознавме дека ќе одиме во државен карантин во Охрид, со пренатрупани автобуси со куфери и други луѓе освен нас 92ца, тргнавме на 6-часовно патување.

Придружувани од две полициски патроли (“детал” што го немаше ниту во Англија ниту во Бугарија) преку Табановце да ни се придружат уште луѓе, Кичево па Охрид.
На првото барање да излеземе 2 минути на свеж воздух и да искористиме WC, на мој колега му беше одговорено: вие сте заразени и немате право да излезете од автобус (најверојатно полицајчево е доктор и дава дијагноза со гледање у очи)
Застанувајќи на Стража за смена на полициска патрола, со оглед на неколку часовното патување без пауза почнавме поинтензивно да бараме да излеземе и идеме во WC и на свеж воздух бидејќи веќе беше тешко да се дише внатре. Целосно игнорирајќи нe’ полицајците си испушија по една цигара со малку муабет, и продолжија кон своите автомобили.
Патувајќи кон Охрид, во еден од автобусите се појавило чад (по информација добиена од колегите, од изгорена ламела) и повторно од полициските службеници им бил забранет излез по што внатре во автобусот настанала паника, по што возачот на автобусот ја отворил вратата да влезе воздух и најверојатно (немаме уште потврда за оваа информација) му била напишана казна.

Утрото околу 5ч пристигнавме во хотел Фламенго во Охрид, каде без присуство на доктор, без шише вода, дури ни можност да се купи, беа направени напори да сме по 3ца во 1 соба. Откако не им успеа во целост, повеќето од нас не ставија по 2ца во 1 соба.
На прашање од колега до полициски службеник зошто не сме секој во поединечна соба и која е целта на карантинот ако не сме изолирани, му е одговорено со: “ако сакаш да си сам ќе те однесам во станица”
Не ги добивме назад нашите пасоши, не потпишавме никаков документ во врска со карантинот, не добивме никаков документ, и немаме буквално никаква потврда дека сме тука и дека ја вршиме нашата граѓанска должност во наредните 14 дена.

Од преголем умор заради 27 часовниот пат, и разочарување од се што ни се случи ВО СВОЈАТА татковина, немавме сили да бараме никаква правда и единствено ни беше важно да се истушираме и легнеме во чист кревет.
АМА, изненадување 🙂 Во собите немаше топла вода, и моравме да чекаме неколку саати да го решат проблемот. Околу 8 часот наутро дојде доктор да ни измери температура, и се до денес (ден 4) немаме никаков контакт со медицинско лице.

Ниту една од собите на хотелот нема балкон, но олеснителна околност е што ни е дозволено да пушиме на прозорците. За “квалитетот” и “разновидноста” на храната нема потреба да зборувам ќе видите во фотографиите кои дополнително ќе ги објавам. Освен мала чаша јогурт/сок за доручек, не добиваме ниту вода со ручекот и вечерата, а доколку побараме цената за мало шише од 0.5л е 50ден. Позитивна страна во цела ситуација е што од хотелот има обезбедено вработен кој ни ги купува од маркет сите потребни намирници, па ќе можеме да се храниме нормално и да конзумираме овошје, зеленчук, доволно течности и т.н.

Текстов е напишан без никаква политичка позадина и намера, и Ве замолувам да не биде споделуван во таков контекст, пишува Коста Котев на фејсбук.

https://www.facebook.com/kotev.kosta/posts/10223017806942370

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This