Сведоштво на матичните: „За да сместам kpитичен пациент во болница, треба да свртам најмалку 20 телефони“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никако да се стабилизира хаосот во здравствениот систем откако почнаа да се качуваат бројките на новозаразени, а тоа докажува дека и покрај тоа што имаше доволно време да се направат потребните подготовки за ваквото сценарио, надлежните не направија ништо.

Секој ден има по над илјада заразени и триесетина починати, а болниците и понатаму се преполни со пациенти заразени со КОВИД-19.

Матичните лекари како и на ковод групите на социјалните мрежи се жалат и споделуваат искуства дека многу тешко се стигнува до кревет во болница за пациенти кои се во критична состојба.

Додека од Министерството за здравство секојдневно повторуваат дека во болниците има слободни кревети за пациенти, матичните лекари отворено кажуваат дека за да испратат во болница пациент кој е во критична состојба се соочуваат со многу пречки и мораат да вртат телефони по сите болници кои најчесто ги одбиваат па роднините на пациентите се приморани да фаќаат врски за нивниот близок кој е во критична состојба да добие место во болница.

За вие да го сместите критичниот пациент во болница јас требаше да свртам најмалку 20 телефони, тоа е прво технички неизводливо, во текот на вашата работа кога во чекалната ве чекаат и други пациенти за преглед, а во меѓувреме и други пациенти ве бараат на телефон. Значи матичниот треба да се јави на инфектолог во ГОБ 8-ми септември или на Инфективна и да побара прием за влошениот пациент. Доколку добијат дозвола тој пациент да биде примен, со претходен разговор меѓу докторите и дури тогаш се јавуваме во Брза помош, изјави за една од телевизиите д-р Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина.

По социјалните мрежи кружат информации дека за да се ослободи болнички кревет, пациенти предвреме се пуштаат од болница за да може да се прими некој друг кој е во критична состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This