Сведоштво на очевидец: Ќерката и мајката ги најдовме изгopeни во кревет една до друга, по лaнчeто забележавме дека се работи за млада девојка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Репортерката на Дојче Веле, Арбнора Мемети од прва рака преку својот објектив ја проследи трагедијата и случувањата во тетовската модуларна болница.

Во пожарот загинаа 14 лица, а 12 лица беа тешки повpeдени.

Мемети разговараше очевидец кој учествувал во гаснење на пожарот, а потоа ги пронашол телата на ќерката и мајката кои починаа во пожарот. Според очевидецот по лaнчeто забележале дека се работи за тело на млада девојка.

“Ќерка и мајката, двете ги најдовме изгорени во кревет едена до друга. Бидејќи телата беа целосно изгорени, од косата и ланчето забележавме дека се работи за млада девојка и нејзината мајка.

Кога ги земавме телата, се грижев за да не го изгубам ланчето на девојчето, за да им остане за спомен на семејството.

„Сите тела беа изгорени а единственото нешто што остана неизгорено во нивните тела беа апаратите за дишење”, раскажува очевидецот коj помагаше за локализација на пожарот, пишува на Фејсбук Арбнора Мемети, репортер на Дојче Веле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This