СВЕТСКА БАНКА СО ЦPHA ПРОГНОЗА: Македонија ќе влезе во peцecиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коронакризата ќе предизвика рецесија во земјава, прогнозира Светска банка, а ако епидемијата и мерките продолжат и во вториот квартал, таа ќе биде уште подлабока.

„Растот во 2019 година од 3,6 проценти изненади во нагорна линија и невработеноста се намали на уште едно историско ниско како резултат на зголемувањето на вработеноста. Сепак, краткорочната перспектива – слично на другите земји во регионот – е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година. Пандемијата и мерките за ограничување на дрижењето ќе влијаат врз економијата како на страна на побарувачката така и на страната на понудата. Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост“, се вели во најновиот извештај на Светска банка.

Економските и социјалните мерки за ублажување на влијанието од кризата ќе бидат приоритетни додека пандемијата не се стави под контрола, нагласуваат, но во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст.

Светските банкари најавуваат помош за земјава од 140 милиони евра.

„Светската банка ја финализира програмата на активности за да ѝ помогне на Северна Македонија да се справи и да го намали влијанието од кризата, што вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра“, велат од Светска банка.

Инаку, овие сценарија во извештајот се засноваат на податоци заклучно со 20 март годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This