СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ НЕ ФАТИЈА НА МАЈТАП: „Фајненшл Тајмс“ му порача на Димитров да си ги чува патлиџаните до следната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фајненшал Тајмс во неделниот бриф за случувањата во Еврозоната пишува за последните случувања околу датумот за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и оти тие ќе бидат поместени за следната година, наместо годинава, како што ветуваше премиерот Зоран Заев.

Весникот пишува дека македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров ќе треба да си ги задржи доматите до следната година, откако вети дека на сите оние кои ќе ја поддржат земјава ќе им испрати домати.

-Преговорите на Македонија околу членството во Европската унија беа одложени за 12 месеци во компромисен одраз на скептицизмот за проширувањето од Франција и Холандија. Владите на ЕУ ветија на ова прашање ќе му се посветат во јуни 2019. година – по изборите во Европскиот парламент. Македонскиот министер за надворешни работи – кој вети домати во замена за напредок – ќе мора да ги задржи уште малку, пишува Фајненшал Тајмс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This