СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС СО ОСТРА ОСУДА: Најостра осуда на одлуката на Кривичниот суд да ја продолжи мерката притвор за Едмонд Темелко!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува денешната одлука на Кривичниот суд при Основниот суд Скопје 1, а по барање на Специјалното јавно обвинителство, за продолжување на мерката притвор на градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко, којшто трае од 26 септември 2017 година, со уште триесет дена до 26 декември 2017 година и покрај неговата нарушена здравствена состојба, поради сомневање на околности што укажуваат на “опасност од бегство“, а под обвинение за “наводни изборни нерегуларности за локалните избори во Република Македонија во 2013 година“.

СМК потврдува дека Едмонд Темелко секојдневно ги извршувал работните обврски градоначалник на општина Пустец во Република Албанија чиешто државјанство и пасош, исто така, ги поседува, но никогаш не се криел, ниту се дал во бегство, туку редовно се јавувал секоја среда, прво во Основниот суд Скопје 1, а потоа во Основниот суд Ресен, во согласност со претходно утврдените мерки на претпазливост при што само македонскиот пасош му бил одземен.

СМК констатира дека иако на Специјалното јавно обвинителство и на Основниот суд Скопје 1 им било познато дека Едмонд Темелко е државјанин и на Република Албанија, никогаш не му била изречена мерка на претпазливост со којашто му се забранува да ја напушта територијата на Република Македонија, ниту пограничната полиција го одвраќала од таа намера ако имала писмен налог тоа да го врши!

СМК и натаму смета, дека притворот за Едмонд Темелко не е превентивна мерка поради ризик од негово бегство од државата, туку претставува одмаздничка мерка и против него и против Македонците од Албанија кои имаат и македонско државјанство и живеалиште во Македонија!

СМК го повикува Македонскиот Претседател во согласност со Законот за помилување, итно и безусловно да го помилува Едмонд Темелко и да го ослободи од гонење, меѓу другото и поради нарушената здравствена состојба, со што ќе го симне овој срам на Македонската држава врз Македонците во Албанија!

СМК смета дека не постои никаква вина кај Едмонд Темелко за делото за кое е обвинет, “дека врбувал луѓе од Албанија со македонско државјанство да гласаат на локалните избори во Република Македонија во 2013 година“, туку станува збор за политичка хајка против единствениот градоначалник Македонец и претседател на единствената Македонска партија во Албанија во духот на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, во намерата Македонците да се прогласат за Бугари.

СМК изразува жалење затоа што Македонската Влада со ништо не се спротистави да ги заштити правата и слободите на Македонците во Албанија од агресијата на Софија за нивна бугаризација!

СМК потсетува дека неприкосновено и неотуѓиво право е на Македонците од Република Албанија, со македонско државјанство и живеалиште и на територијата на Република Македонија, дали и како ќе гласаат на било кои избори во Република Македонија, како што е неприкосновено и неотуѓиво право секој да води кампања и да ги убедува другите да гласаат според неговите политички уверувања независно како тие фактички ќе гласаат!

СМК смета дека Македонците од Република Албанија, со македонско државјанство и живеалиште и на територијата на Република Македонија, имаат неотуѓиво и неоприкосновено право да гласаат на сите избори во Македонија и за тоа не може да одговараат пред никого!

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This