СВИНСКИ ГРИП ВО МАКЕДОНИЈА: За една седмица има 7 потврдени случаи на вирусот А Х1Н1

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За една седмица има 7 потврдени случаи на вирусот А Х1Н1, помеѓу народот познат како свински грип.

Поголемиот број од заразените се повозрасни, а се хоспитализирани се на различни клиники во Комплексот „Мајка Тереза“ поради посериозно заболување, а присуството на овој тип на грип може да доведе до компликации и да ја влоши нивната здравствена состојба.

На Инфективната клиника се прават анализи за уште еден пациент, кој има симтоми на ова заболување. Од таму за телевизијата велат дека резултатите од лабораториските испитувања ќе ги добиеле утре.

Епидемиолозите очекуваат бројот на заболени да расте, а бидејќи вирусот А Х1Н1 неколку години не беше присутен, популацијата е поосетлива на овој тип на грип.

Во 2009 година, поради компликации од вирусот Х1Н1 имаше повеќе од 30 смртни случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This