СВР Тетово: Глoби oд 200 дo 500 eвpa зa пpoдaвaњe или akтивиpaњe пeтapди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Продавање/купување и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно члeн 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност, предупредуваат од СВР Тетово. Од таму потенцираат дека овој месец полицијата ги засили контролните и други активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства.

-Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира подалеку од ваквите опасни „играчки”, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по здравјето, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото, а можат да повредат и други лица, потенцира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во пресрет на новогодишните празници забележителни се многу импровизирани тезги пред се околу зелениот пазар каде се продаваат разни пиротехнички средства најмногу петарди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This