СДСМ ГО УКИHA ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ: Одлучи тие да не растат туку да стагниpaат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница истакна дека СДСМ откако дојде на власт прво го ykина покачувањето од 5% на пензиите, а подоцна ја ykина и пресметката на пензиите во однос на просечната плата, за да не растат пензиите туку да стагнираат.

СДСМ кога дојде на власт го пpeкина покачувањето на 5% во текот на секоја година и сега нема такво покачување. Второ што направи СДСМ е тоа што го ykина основот за пресметка на висината на пензиите во однос на пораст на просечната плата, тоа го направи заради тоа што со воведување на минималната плата се забележа статистички пораст на просечната плата и тоа ќе значеше пораст и на пензијата. СДСМ одлучи тој критериум да го исклучи за пензиите да стагнираат, вели Димовски.

Тој потенцираше дека на сите ни е јасно дека пораст на пензиите нема или доколку има тоа се сведува на 50, 70 или 90 денари и ништо повеќе, а во исто време се покачени придонесите, даноците, акцизите со што граѓаните се оптеретени со дополнителни трошоци. Ги оданочувате луѓето по различни основи, акцизи, придонеси, персонален данок, данок на закупнина, а ништо не им давате на граѓаните, освен што земате од успешните а по партиски клуч, делите по ваши фирми и ваши адвокати. Фонд за иновации, партиски список, адвокатски услуги по јавни претпријатија партиски список, нагласи Димовски.

Тој посочи дека за разлика од СДСМ во време на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во текот на годината имаше два пати покачувања на пензиите, во кои што еднаш беше вкалкулирано покачувањето според анализи пресметковни по два критериуми, но дополнително со одлука на Собранието секоја година пензијата се качуваше за 5%, па така просечната пензија се покачи за 80%, а најниската пензија се покачи за 106%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This