СДСМ ГО ЧЕКА ЗАЕВ ДА СЕ ВРАТИ ОД СКИЈАЊЕ ЗА ДА ОДЛУЧУВА ЗА ИЗБОРИ: Во текот на наредната недела СДСМ ќе одржи седници на Извршниот и Централниот одбор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седници на Извршниот и Централниот одбор на партијата ќе се закажат откако во земјава ќе се врати премиерот и претседател на партијата, Зоран Заев кој оваа недела е на зимување во Германија.

Инаку, на Бихаќка, според нашиот соговорник, преовладува расположението дека треба да биде прифатен повикот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски за вонредни избори бидејќи и бројките од анкетите се во полза на партијата на власт.

„Токму околу тоа ќе се кршат копјата внатре во партијата – дали да се искористат овие бројки кои и даваат предност на нашата партија или пак да се одлучи во насока на она што и премиер го истакна како важно, а тоа е посветеност на реформите и економијата“, вели висок функционер на СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ исто така уверуваат дека имаат предност во однос на СДСМ според анкетите. Велат имаат блага предност, а истата расте кај гласачите Македонци.

„Бараме предвремените избори да бидат заедно со претседателскиот бидејќи така би имале поголема контрола над процесите и би можеле да реагираме доколку се прави обид за злоупотреба на државниот апарат за изборни манипулации“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Аналитичарите се неподелени дека доколку се стави државниот интерес над партиските калкулации нова рунда предвремени избори не се потребни.

Сепак, дали ќе се оди на избори и доколку тие би биле напролет партиите имаат околу три недели за да „пресечат“ бидејќи собранискиот спикер Талат Џафери најави распишување на претседателските избори за втори февруари. Доколку тогаш се распишат и парламентарни тогаш тие би се одржале заедно со вториот круг од изборите за шеф на државата на почетокот на мај, а дотогаш би функционирала техничка влада формирана по пржинскиот принцип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This