СДСМ КОНТРА СДСМ: Продожуваат партиските вработувања во јавна администрација, заборавија на предизборните ветувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Институции во служба на граѓаните или за вдомување на партиски послушници? Пред само две години во предизборниот „План за живот“, СДСМ ветуваше ефикасни и професионални јавни службеници, пренесува Алфа.

„Главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка, туку стручноста, компетентноста и работното искуство во струката. Административните службеници нема да бидат бркани од работа. Со претходна анализа на состојбите во администрацијата, ќе се направи нејзина реорганизација со една цел: да ги зголемиме квалитетот на услугите кон граѓаните и претпријатијата и степенот на заштита на нивните права“ – пишува во „План за живот“.

По две години, работни места во државните органи си обезбедија многу блиски роднини на политичарите на власт. И покрај бројните критики во јавноста, вработување во МЕПСО си обезбеди и сестрата на министерот Бектеши, во Агенцијата за супервизија на осигурувањето синот на пратеникот Мисоски, во Фондот за иновации ќерката на независната пратеничка Александрова. За спорните функционери, овие вработувања се оправдани.

Во Собранието по брза постапка се изгласа и воведување на нови работни места – заменици директори во јавните претпријатија основани од Владата. За премиерот Заев оваа одлука не е спорна, се работело само за 12 позиции, буџетот немало да трпи, а компаниите кои сега тонат во долгови ќе работеле многу поефикасно.

Огласи за нови вработувања само во последниве денови има насекаде, во министерството за информатичко општество, министерството за локална самоуправа, државниот пазарен инспекторат, Комисијата за хартии од вредност, Регулаторната комисија за енергетика и многу други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This