СДСМ-овците кpeнaa раце од ЕУ: He била целта да влеземе туку да живееме подобро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имам чувство дека патот на Македонија не може да оди нормално, туку мора да оди „тешкото“. Но ние сме навикнати на тоа и човек да се зачуди ако поминевме лесно. Нас патот и иднината ни се многу јасни. Добро е што немаме маневарски простор. Ние сега не треба да прифатиме преговорите со ЕУ да станат долгорочни преговори со Бугарија. Треба да продолжиме по патот – ЕУ. И така приклучувањето кон Унијата е инструмент на политиката, а не цел на политиката. Целта не е на крајот да станеме членка, туку да живееме подобро. Нас никој не не кочи реформите да продолжиме да ги правиме, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

-Не е идејата дали нас ни треба ЕУ или ние на неа. Нас ни се потребни реформите за пристапување во ЕУ. Дури и да одржевме референдум и граѓаните да речеа не сакаме ЕУ, ноќта ќе поминеше, другиот ден животот продолжува. Ние не сакаме да живееме подобро? Сакаме. Ако сакаме мора да менуваме, да реформираме. А што се реформите, пак на крајот е истото – со преговори полесно ќе ги пројдовме, бидејќи ќе имаше повеќе помош, но ако тоа не ни била судбината не може друг правец да фаќаме, туку истите реформи да ги правиме. А кога еден ден ЕУ ќе реши дека треба да не прими, ќе не прими, вели проф. Узунов. Говорејќи за задолженоста и дали воопшто може да се планира раст со ваков буџетски дефицит, проф Узунов вели дека не е прашање дали можеме, туку дека мораме. -Вирусот го сврте целото човештвото наопаку. И сите оние теории кои ги знаевме овој вирус дојде и ги помножи со нула. И оние што беа најголеми поборници да се држиме до некои докажани економски параметри дека горна граница на задолжување е 60% од БДП итн…сега тие први викаат батали. И се уште не се знае што ќе се случува. Промени ќе мора да се претрпат и целата грижа е колку ќе трае епидемијава и оттука последиците во економијата, изјави Узунов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This