СДСМ ПОВТОРНО ФАТЕНИ ВО ЛАГА: Сметката на Фени сеуште блокирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува блокираната сметка на кавадаречки „Фени индустри“. Паниката и стравот се зголемува кај околу 850 вработени во фабриката.

Иако Владата и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев неодамна изјави дека Владата е посветена на изнаоѓање решение за проблемот со Фени, сметката сеуште е блокирана од две банки, на кои Фени им должел одредени суми поради проблемите во работењето предизвикани од ниските цени на фероникелот на светските берзи.

Вработените револтирани од општата сосстојба во која се наоѓа „Фени“ и покрај најавите од вицепремиерот Анѓушев дека сметките ќе бидат одблокирани и комбинатот ќе продолжи со нормално функционирање.

Инаку актуелниот вицепремиер  Кочо Анѓушев е сопственик на компанијата ЕДС која го снабдува „Фени“со електрична енергија.

-Фени намерно се уништува за непријателски да се преземе од стана на луѓе блиски на актулениот премиер Зоран Заев, велат познавачите на приликите.

Неофицијално се дознава дека дел од вработените во „Фени“ почнале да си бараат нова работа а други веќе си дале оставки.

Доколку „Фени“ замине под стечај македонската економија ќе доживее намалување и голем удар, зашто таа компанија учествува со голем дел во градењето на бруто домашниот производ на Република Македонија.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This