СДСМ ПОЧНА ДА ЈА ПРОДАВА CMPTTA КАКО НАЈДОБРА ГРИНФИЛД ИНВЕСТИЦИЈА: Рудниците на „cмpттa“ сега станаа „најдобра гринфилд инвестиција“ во земјава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку треба да си лицемерен и да го потценуваш памтењето на населението кое пред само две години го потикнуваше да простестира и да ја блокира изградбата на рудникот Иловица во струмичко, а денес истото да го најавуваш како најголемата гринфилд инвестиција во земјата?

 

Претходната владина гарнитура веќе имаше обезбедено концесионер за Иловица и Казандол, но тогаш некои дузина граѓански иницицијативи се спротистваија на изградбата на рудниците, масовно протестираа и го организираа населеннието од овој регион преку референдум да се изјасни, за да се стопира изградбата и да се спречи отворњето на рудниците.

Не се штедеше на негативни епитети, се организираа трибини на кои се зборуваше за штетноста од овие рудници, за загадувањето на почвата и подземните води и канцерогените последици врз населението.

Но како и референдумот за промена на името на државата, така и референдумот за „рудниците на cмpттa“ ниту се почитуваше волјата на граѓаните, ниту законските обврски према исходот од референудумот.

Сега, откако се раскина договорот со украинците кои веќе има потпишано договор, актуелната власт склучи нов договор и концесијата ја даде на канадската групација која е во тесни врски со контроверзната фамилија Ротшилд.

„Трафигура Груп“ (преку подружницата Galena Resource Equities), Ричард Грифитс, Ричмонд Капитал, Еквинокс Партнерс (посредуван од Голдман Сакс) и менаџерски тим со членови од Ротшилд, European Goldfields, SocieteGenerale.. како и останати акционери (над 500 институционални и индивидуални клиенти од САД и Канада).

Денес провладините медиуми „рудникот на смртта“ го најавуваат како најдоброто нешто што може да и се случи на земјава и струмичкиот регион и дека со неговото отворање ќе биде „мед и млеко“.

Во текст на кој наидовме од еден провладин медиум според писанието она што пред две години можеше да ја убие и зарази цела Струмица денес може да донесе просперитет и пари.

Во текстот се зборува за милиони, пари од кои овој регион ќе заживее, па забрзан пат кон НАТО и ЕУ како да сме веќе членки, а ако станеме уште повеќе пари ќе имало за граѓаните.

КОЈ ЌЕ „ЛАПА“ ПРОВИЗИИ

Во јавноста проструија шпекулации дека сестрата на секретарот на владата, Драги Рашковски е инволвирана во обезбедувањето на концесијата како и во процесот за обезбедување на нов не така „смртен“ концесионер за Иловица.

Имено во компанијата ЕУРОМАКС РЕСОУРСЕС ЛД која ја добила коцесијата за експлатација на наоѓалиштети на бакар и злато во рудникот Иловица била вработена сестрата на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски. Тој меѓудругото го сподели и линкот од статијата на веб порталот НОВА ТВ во чиј текст се обвинува Владата дека го крие договорот со компанијата ЕУРОМАКС. Во текстот се споменуваат имињата на Кочо Анѓушев и Крешник Бектеши кои како министри во владата задолжени за економски прашања даваат подршка за овие проекти.

Лицемерието на Зоран Заев и владината гарнитура на СДСМ се докажуваше во пвоеќе наврати, а граѓаните со право се сомнеаваат дека владејачката гарнитура наместо да бара „криминал“ во проектите на претходната власт, го користи моментот за да „репреговара“ со инвеститорите со цел стекнување на незаконска провизија.

Таков беше и примерот со изградбата на автопатот до Охрид, чија градба беше стопирана до завршувањето на „репреговарачкиот“ процес.

Сличен е и случајот со авио-превозникот „Визер“.

 

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This