СДСМ РЕВОЛТИРАНИ НА СВОИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ЗА ЛОШИОТ РЕЗУЛТАТ: Ќе следува голема сеча, односно генералка во Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема сеча, односно генералка од министри до директори ќе следи ако Стево Пендаровски стане нов претседател на државата, најавуваат високи функционери на СДСМ по тесната победа на консензуалниот кандидат пред кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во првиот изборен круг.

По значајното потфрлање на социјалдемократите на последните претседателски избори, таму спасот го гледаат во темелна реконструкција која ќе треба да се спроведе од највисоките до најниските функционерски ешалони. Во случај Пендаровски да ги изгуби изборите веќе е јасно дека ќе се оди на предвремени парламентарни избори, опција која премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев веќе ја најави.

СДСМ е свесен за сериозното потфрлање на изборите, за внатрепартиската поделеност, но не изостанува и обвинувањето дека во голем дел и партијата на Али Ахмети кумувала за слабиот изборен резултат во првиот круг од гласањето.

Од СДСМ велат дека е очигледно дека „некој“ во партијата не си ја сработил работата на терен, алудирајќи на водството на Силјановска во повеќето општини со доминантно македонско гласачко тело. Од партијата се децидни дека нема да се пазарат за 80.000 гласови на кандидатот на Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река.

Ривалството, пак, на владините коалициски партнери СДСМ и ДУИ, се рефлектираше и на денот на гласањето за претседател. СДСМ ѝ забележува на ДУИ дека играла со остра реторика кон Река и дека пред вториот изборен круг ќе треба да се направи обид за коректни односи со Зијадин Села и со Билал Касами.

Тесната победа на Пендаровски во дел од власта се коментира и како договорена тактика на дозирано гласање во првиот изборен круг. И додека ова главно се пласира од страната на ДУИ, од СДСМ велат дека толку им е силата на терен на интегративците.

– Стево ќе треба да ја амортизира загубата во првиот круг кај македонското гласачко тело. Речиси да нема општина каде СДСМ не потфрли.
Од партијата на Ахмети брифираат дека безмалку со половина сили излегле во првиот изборен круг и дека вистинската моќ на ДУИ ќе следи при второто гласање.

Од СДСМ, пак, коментираат дека толку може ДУИ и дека не очекуваат прилив од гласачкото тело на Ахмети, туку од граѓаните кои гласале за Река.

Од ДУИ му забележуваат на СДСМ и за отворената вој на со реисот Сулејман Реџепи на само една недела пред изборите. Од ДУИ себеси си ја припишуваат заслугата дека го омекнале реисот за Албанците да не го бојкотираат Пендаровски. Слабиот одѕив на Албанците за Пендаровски, ДУИ го припишува и на традиционалноста, односно дека имало кандидат Албанец, но и на, како што велат, огромната тактичка грешка, на гласачкото ливче до името на Пендаровски да биде логото само на СДСМ, а не и на ДУИ и другите партии кои го поддржаа. Сепак, велат од партијата на Ахмети дека се задоволни како ја изменаџирале целата ситуација.

Сепак, дали Ахмети одел со половина капацитет или на изборите испорачал толку колку што во моментов тежи кај електоратот ќе се види за десет дена во решавачкиот изборен круг.

За тоа дали владините партнери ќе направат промени во кампањата и дали пред вториот изборен круг ќе ги видиме заедно на митинг Заев и Ахмети и од двете партии допрва ќе анализираат. Од ДУИ засега не решиле дали ќе продолжат со иста кампања на одделни митинзи, додека од СДСМ велат дека ќе треба да анализираат дали заедничкото митингување на Заев со Ахмети ќе им донесе повеќе штета отколку корист.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This