СДСМ СЕ СПРЕМА ЗА ИЗБОРИ ИМ Е ГAJЛЕ ЗА ЗДPAВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ: Без митинзи, а на гласање со маска и ракавици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со заштитни маски и ракавици граѓаните ќе одат на гласање, кога ќе се спроведат парламентарните избори – најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање како ќе се спроведат изборите во ситуација на пандемија на КОВИД-19, кажа дека ќе се почитуваат сите протоколи за држење растојание и носење заштитна маска, а митинзи нема да има.

Сериозното,одговорно и навремено преземање на мерки и политики од страна на државата и почитување на мерките придонесува да се стави оваа криза под контрола. Се намалуваат бројот на новозаразени и се зголемува бројот на оздравени. Тоа го наметнува прашањето на враќање во нормала на секојдневниот живот. Одржување на растојание од 2 метри и користење на маски ќе останат секојдневие и понатаму. Тоа значи и во контекст на изборниот процес, дистанцата и заштитните маски ќе бидат дел и од изборите, вклучувајќи и други медицински протоколи. Ќе се избегнуваат сите јавни и масовни собири и ќе се користат дигиталните и електронските алатки во кампањата и комуникацијата со граѓаните – рече генералниот секретар на СДСМ.

Николовски нагласи дека сите функционери на СДСМ ќе се откажат од платата и покрај одлуката на Уставен суд да не се намалува платата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This