СДСМ СО МОЛЧЕЊЕ ДАВА ПОДДРШКА НА ПЕДОФИЛИЈАТА: Соросовите медиуми кои одработуваат за СДСМ ја реобјавија повторно колумната на платеникот Шиндре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо да го осудат и да се извинат за објавувањето на текстот на Никола Шиндре, каде тој ја оправдува и релативизира педофилијата, медиумите финансирани од фондацијата „Отворено општество“, подружницата на Сорос во Македонија, тие ја продолжуваат да ја објавуваат. Еден од порталите е и Окно.мк, портал кој е познат по грантовите кои ги добива од Сорос.

Во скандалозниот текст Никола Шиндре ја правда педофилијата како нагон, кој сме требале да го разбереме, а не како силување на малолетници. Овој текст наиде на поддршка кај голем дел од луѓето блиски до СДСМ и активисти во „Шарената револуција“, од која и авторот на текстот, Шиндре беше дел.

Шиндре во својот текст, пишува: „ Детето тука не го третираат како сексуално суштество, тие секогаш се позагрижени тоа да не е силувано, да не е заведено, да не е малтретирано, да не е вклучено во детска порнографија. “ Релативизирање на педофилијата која остава трајни лузни врз детото, создава општество на морално искривена подлога.

За порталот Окно, кој еден од оние кои го објавија текстот на Никола Шиндре, познато е дека е финансиран од страна на фондацијата на Сорос во Македонија, со цел да одработува за целите на СДСМ. Во извештајот на СОРОС до УЈП лани пишано е дека фондацијата за цели на сегашната власт годишно издвојува 5 милиони и 300 илјади евра, а еден од порталите за кои оделе пари е и Окно на Никола Гелевски, кој исто така има доста контроверзни настапи во јавноста во минатото.

Новинарите финансирани од страната на СДСМ досега не излегоа со никаква осуда за текстот на Шиндре, дури и му даваат поддршка. Новинарката Секуловска Билјана на својот Фејсбук профил напиша дека текстот е неопходен за едукација на младите.

„Текстот на Никола Шиндре не го прочитав како поддршка на педофилијата, туку неопходност од едукација на младите, кои се изгубени во самоспознавањето, затоа што се лишени од комуникација.“

Покрај медиумите, новинарите на СДСМ и самата партија се уште нема излезено со осуда за текстот на активистот на „Шарената револуција“, Никола Шиндре. ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа од СДСМ да го осудат пишаното во овој текст, според нив самото тоа што СДСМ не го осудува текстот, значи давање поддршка за педофилијата.

-СДС трети ден не се дистанцира од ставовите на учесникот на „шарената револуција“ Никола Шиндре, искажани преку колумна која наиде на поддршка кај одреден број на учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДС, во која се релативизира педофилијата и повикува на омекнување на законските санкции кон педофилите, кажаа на вчера на прес од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и на социјалните мрежи се уште не можат да поверуваат на она што го пишува во текстот на Никола Шиндре, на Твитер се појави повик за бојкот, бидејќи покрај скандалозниот потег со самото објавување на текстот, тој е објавен со фотографии од голи деца.

ја објавува статијата на откако сите други ја избришаа!!И тоа со голи деца ,со сФе!!https://okno.mk/node/64824 

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This