СДСМ ЌЕ ГО ДЕЛИ КОЛАЧОТ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ ИМААТ 30 НИВНИ ПРАТЕНИЦИ: ЛДП одлучи на изборите да излезе заедно со СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членовите на Централниот одобор на ЛДП одлучија на престојните избори да коалицираат со старо-новиот партнер СДСМ, потврди претседателот на Либерално-демократска партија, Горан Милевски.

– На Централниот одбор на Либерално-демократската партија што се одржа вчера, членовите оценија дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за успешен европски интегративен процес. Партијата очекува дека либералните вредности и барања ќе се почитуваат од страна на нашите партнери – вели Милевски.

ЛДП дискутираше и ги утврди кандидатите за пратеници кои дополнително ќе се промовираат во јавноста.

Потсетување дека на минатите парламентарни избори од ЛДП три пратеници кои влегоа во Собранието, две се жени. Речиси 50% од советниците на ЛДП во општинските совети се жени.

– Ние на овој интернационален ден на жената како либерали бараме родова еднаквост во општествово. Морам со гордост да истакнам и дека од четири потпретседатели во партијата, две се жени. Жените во нашата партија имаат одговорни функции, не поради квоти, туку поради квалитетот и исполнителноста, додаде Милевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This