„СДССА“ САКА ДУПЛИ МИНУТИ ЗА РЕКЛАМА: Беса ќе го тyжи директорот на АВМУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До полноќ, четирите партии кои на последните парламентарни избори освоиле најмногу гласови, треба во ДИК да достават свои предлози за Избирачките одбори. Претседателот на комисијата потврди дека вакво барање испратиле до ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Движење Беса. На прашањето дали истите партии ќе делат заедно 90% од средствата за тв рекламирање, Оливер Дерковски одговори:

Додека Дерковски вели дека ова не е надлежност на ДИК, ТВ21 од свои извори дознава дека следната недела комисијата ќе донесе правилник за спроведување на член 75 и 76 кои се однесуваат на телевизиите и начинот за исплата за пишаните медиуми и порталите.

Од друга страна, пред два дена преку предлог упатство, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги побара во максимум 4 минути посветени на двете најголеми опозициски партии, да се емитува платено политичко рекламирање на најголемата опозициска партија или нејзината коалиција за Парламентарните избори 2020“. Ова подразбира дека минутите кои се предвидени за двете опозициски партии, сега да и припаднат само на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, а не и на Движење Беса која веќе е во предизборна коалиција со партијата на власт, СДСМ.

За ова предлог упатство, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски и претседателот на Советот, Лазо Петрушевски, најверојатно ќе се соочат со кривична пријава од Движење Беса.

„Да, вистина е дека Движење Беса ќе поднесе кривична пријава против директорот Трајчевски и претседателот на Советот кој го предложи предлог упатството и за прв пат се случува преседан во Македонија, упатствата да бидат повисоки правни акти од законите. Јас верувам дека оваа работа во ДИК ќе се среди брзо. Правото што и припаѓа на Движење Беса, и припаѓа на Движење Беса за рекламирање“, истакна Аријанит Хоџа.

Прашан за ова, претседателот на АВМУ, Зоран Трајчевски не одговори.

Пред неколку дена и генералниот секретар на АА, Арбен Таравари побара на неговата партија да и припадне правото на член во Избирачкиот одбор како и минутите за ТВ рекламирање на Движење Беса. Ова тој го базира велејќи дека Беса веќе е во коалиција со партијата на власт, СДСМ и дека е парадоксално е две партии во коалиција да имаат два члена во избирачкиот одбор додека Беса да има минути за рекламирање како опозиција, а е во коалиција со партијата на власт.

Извор: ТВ 21

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This