April 30, 2024, 11:56 am

СДС ТУРКА РЕШЕНИЕ БЕЗ РЕФЕРЕНДУМ: По Фрчковски и Ахмети, и Бранко Героски бара решение без референдум и без консензус!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опинион мејкерите на СДСМ со координиран став за решение на проблемот со името дека не е потребен консензус за решавање на името.

Љубомир Фрчкоски во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека нема да има национален консензус, власта треба да ја понесе одговорноста за името. Во интервју за Арт Чанел истото го истакна и Бранко Героски кој вели „Со консензус или без, ако предлогот е добар спорот за името да се реши. “

Со други зборови, еден од главните креатори на политиките на СДСМ Фрчкоски и новинарот кој важи за близок пријател на Фрчкоски како и близок до СДСМ – Героски се согласни името на Република Македонија да се промени без консултации со опозицијата за која гласот го дадоа над 450 илјади граѓани.

Начинот на кој СДСМ планира да го реши проблемот, во сенка го спомена Талат Џафери кој како етнички Албанец нема што да изгуби кај македонското гласачко тело.

Тој пред неколку месеци во етерот пушти еден пробен балон и изјави ,,Нова Македонија е прифатливо име – нема потреба од референдум, Собранието има легитимитет да одлучи за името’’.

Во прилог на оваа теза оди и интервјуто на Ахмети за грчкиот весник Катимерини кое го носи насловот „Решение сега, без референдум“.

-Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, преку консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија, вели Али Ахмети.

Во интервјуто тој повторно ги потврдува најголемите стравувања на македонскиот народ, фактот дека гласот на Македонците кои се против промената на името нема да биде слушнат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This